4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМадона заработи најмногу пари во 2012 година

Мадона заработи најмногу пари во 2012 година

madona1

Американската поп ѕвезда Мадона е личноста која најмногу заработи во музичката индустрија минатата година, а во тоа најмногу и помогна светската турнеја MDNA, објавува списанието Билборд на својата интернет страница.

Мадона (54) се најде на врвот на топ листите на Билборд според заработката во последните пет години. Листата е составена според заработка остварена од турнеи, албуми и други проекти кои ги реализираат музичарите.

Билборд наведува дека Мадона на турнеите заработила околу 32 милиони долари, што е речиси 90 проценти од вкупниот приход од 34,6 милиони долари кој го оствари минатата година.

Мадона, која на врвот на листата беше и во 2008 година, е единствената жена во топ десет. Второто место го завзема Брус Спрингстен (33,400,000 долари), третото Роџер Вотерс, поранешниот член на Пинк Флојд (21 милион долари). На четвртото место е групата Ван Хелен, а на петтото место се наоѓа американската кантри ѕвезда Кени Чеснеј.

Според ова се потврдува фактот дека водечките места на листата ги завземаат донесените приходи од направените концертни турнеи. Билборд вели дека во просек 85 проценти од профитот кај музичарите на оваа листа е стекнат од концертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП