4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСБ ја намали прогнозата за раст на светската економија

СБ ја намали прогнозата за раст на светската економија

svetskaekonomija2

Светска банка (СБ) ја намали прогнозата за раст на светската економија за 2014 година на 2,6 проценти, од 2,8 проценти колку што изнесуваше проценката во јуни.

Проценката за 2015 година исто така е корегирана надолу, на 3,2 од 3,4 проценти, а за 2016 година на 3,4 од 3,5 проценти, наведува Светска банка во денес објавениот извештај.

Намалените прогнози укажуваат на знаци на стабилна стагнација во еврозоната, Jапонија и некои земји од Латинска Америка и европските земји во развој, пренесува Интерфакс.

Прогнозата за раст на бруто домашниот производ (БДП) во развиените земји за оваа година е намалена на 1,8 проценти од 2,2 проценти, колку што изнесуваше прогнозата во јуни. Во 2015 година економскиот раст во тие земји, според проценката на СБ, ќе изнесува 2,4 проценти, а во 2016 година 2,5 проценти.

Земјите од еврозоната ќе остварат економски раст од 0,9 проценти, оваа година, 1,4 проценти во 2015 година и 1,8 проценти во 2016 година, се наведува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП