4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Каматните стапки уште долго време ќе останат ниски

Драги: Каматните стапки уште долго време ќе останат ниски

mario-draghihgf783trfgb43g9urft4

Каматните стапки во еврозоната ќе останат уште долго време екстремно ниски, најави шефот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги, пренесува агенцијата Ројтерс.

„Монетарната политика уште долго ќе биде експанзивна и можам да кажам дека Советот на гувернери едногласно останува на ставот дека можеме да ги користиме сите средства кои ги имаме на располагање за повторно да го зголемиме темпото на инфлација непосредно под два проценти“, изјави Драги.

„Каматите ќе останат ниски, бидејќи тие всушност и не можат повеќе да се намалат“, додаде тој.

ЕЦб на почетокот на септември ја намали својата клучна каматна стапка на рекорден минимум од 0,50 проценти. Банката, покрај тоа, има намера во октомври да започне обемна програма за купување на долгорочни обврзници со цел да го поттикне кредитирањето и слабата економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП