3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАнтимонополска тужба за Газпром

Антимонополска тужба за Газпром

Gazprom-Europe

Регулаторите на Европската унија планираат да го тужат рускиот производител на гас, Газпром, поради однесувањето кое ја загрозува конкурентноста, откако е завршена двегодишната истрага, изјави европскиот комесар за конкурентност Хоакин Алмунија.

Газпром, најголемиот светски производител на гас, беше под истрага од септември 2012 година поради сомневање дека на своите купувачи од источна Европа им наплаќал повисоки цени, блокирајќи ја конкуренцијата и загрозувајќи го слободниот проток на гас во некои земји од ЕУ, пренесува Ројтерс.

Руската компанија на почетокот на годината порача дека е подготвена за вонсудско решение со европските власти, кои би можеле да ја казнат со дури 13,6 милијарди долари, меѓутоа, преговорите со Европската комсија се заглавија околу ставката како всушност се одредува соодветната цена на гасот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП