20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖени претприемачи на Конгрес во Тајван

Жени претприемачи на Конгрес во Тајван

kongres zeni

Жени менаџерки од Македонија учествуваат на Конгресот за женско претприемништво што од 21 до 25 септември се одржува во Таипеј, Тајван во присуство на над 150 жени бизнисмени од 120 земји од светот.

Валентина Дисоска од Здружението на бизнис жени од Македонија, во обраќањето истакна дека женското претприемништво во Македонија процентуално е во рамки на европскиот просек, со нешто повеќе од 30 отсто компании основани од жени, но посочи дека основен проблем е големината и изнаоѓањето решение како тие компании да имаат поголем профит, како да се справуваат со кризните ситуации и како да прераснат од микро во мали претпријатија.

Конгресот е во организација на светската мрежа ФЦЕМ – интернационална невладина организација за жени претприемачи, која е основана пред 60 години во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП