28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКампања на ЕБОР за раст на бизнисот

Кампања на ЕБОР за раст на бизнисот

eborjknvhiorg

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе започне информативна кампања за вредноста на бизнис советувањето и трансфер на практично знаење за малите и средни претпријатија (МСП).

Кампањата ќе се одвива од утре до 30 овој месец, со настани во Тетово, Битола и во Скопје.

Информативната кампања се фокусира на вредноста на знаењето за раст на бизнисот и постигнување комерцијален успех, како и на чекорите како да се дојде до практично знаење на субвенционирана основа со помош од ЕБОР, соопшти Канцеларијата на ЕБОР во Скопје.

Македонија е дел од 25-те земји во кои ЕБОР ќе ја реализира кампањата. Опфатени се држави од Југоисточна и Источна Европа, Северна Африка, Русија и Централна Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП