понеделник, 6 февруари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските држави најатрактивни за големи инвестиции во инфраструктурата

Азиските држави најатрактивни за големи инвестиции во инфраструктурата

aziski rabotnici

Девет држави од Азија, меѓу кои Кина, Индија, Индонезија, Малезија и Тајланд, се наоѓаат на списокот на земји во кои во наредните 15 години најмногу ќе се инвестира во инфраструктурни проекти.

За изградба на нови патишта, пристаништа и аеродроми, но и во станбени објекти и деловни простории во Азија за овој период се планираат вложувања од над 1.800 милијарди долари, што е повеќе од 60 посто од вкупните средства што во оваа област до 2030 година ќе се потрошат во светот.

Најмногу средства ќе се трошат во Сингапур, каде што е усвоен конкретен план за нови градби до 2030 година, кои најмногу подредени на планираниот пораст на населението од сегашните 5,5 на 7 милиони во овој период. Сингапур, кој и во изминативе 15 години е на врвот на светската листа на држави што инвестираат во инфраструктура, останува и натаму лидер во оваа област на меѓународниот пазар, но странските инвеститори ќе немаат значајно учество, бидејки богатата држава-остров има доволно сопствен капитал.

Втора држава по вредност на инвестициите во инфраструктура во регионот на Азија и Пацификот е Малезија, која на светскиот список се наоѓа на седмото место. По неа е Австралија, која на глобалната листа е деветта, а следуваат Кина и Јапонија.

Според анализата на угледната консултантска куќа „Аркадис“ најатрактивни за странски вложувања во следните 15 години ќе бидат Индонезија, Филипините и Тајланд. Растечките економии на овие три држави, кои зедно веќе имаат 2.000 милијарди долари БДП и владините политики во тие три држави се вистински голем предизвик за вложувања во нивните планирани инфраструктурни планови.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП