19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТокио најави нови санкции за Москва

Токио најави нови санкции за Москва

tokiojkfhp784t

Јапонија денес најави воведување на нови санкции кон Русија, со што се заострува ставот на Токио кон Москва.

Новите мерки вклучуваат забрана за одредени руски банки да издадат хартии од вредност во Јапонија и зајакнување на испекцијата со цел спречување на испораката на оружје во Русија, изјави портпаролот на јапонската влада Јошида Суга.

Јапонија воведе санкции по спојувањето на Крим со Русија, но тие мерки беа помали во однос на оние кои тогаш ги воведоа САД и ЕУ.

Претходно беше објавено дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Јапонија во септември, но сега се очекува дека до таа посета нема да дојде.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП