19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТие се најбогати, но и најзадолжени во светот

Тие се најбогати, но и најзадолжени во светот

evraevrievriii

Граѓаните на оваа земја, според богатството, зад себе ги оставија дури и Американците.

Граѓаните на Швајцарија се први во светот според вредноста на нето финансиските средства по глава на жител, кои во минатата година изнесуваа 146.540 евра и се далеку пред второпласираните САД, со просечни 119,570 евра по глава на жител, покажува истражувањето на осигурителната компанија Алијанс.

Во 2012 година нето вредноста на финансиските средства по глава на жител во Швајцарија изнесувала во просек 141,890 евра, се додава во извештајот на Алијанс кој го пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Парадоксално, швајцарските домаќинства воедно се и најзадолжените на светот.

Сепак, бруто финансиските средства во Швајцарија во 2013 година пораснале на 204 илјади евра по глава на жител.

На светско ниво, финансиските средства минатата година достигнаа рекорден износ од 118,000 милијарди евра, со раст од 9,9 проценти во однос на 2012 година, според класификацијата која ги вклучува финансиските средства и задолженоста во 50 земји во светот.

Главниот мотор за раст на вредноста на финансиските средства во 50 анализирани земји беше пазарот на акции во Јапонија, САД и Европа, со раст од 16,5 проценти, со што е надминато нивото од времето пред економската криза.

Меѓутоа, освен високата вредност на заштедите, швајцарските домаќинства се истакнуваат и со големите кредитни оптеретувања, кои се највисоки во светот, односно просечни 75,490 евра по глава на жител во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП