ЕКОНОМИЈА

Нов штрајк во грчкиот јавен сектор

grcijashtrajkkvjr;t8u5

Вработените во грчкиот јавен сектор стапија денес во првиот штрајк по летното затишје, со цел да се спротивстават на планираните отпуштања кои ги бараат кредиторите од ЕУ и Mеѓународниот монетарен фонд ММФ.

Професорите, лекарите и општинските работници се вклучија во еднодневниот штрајк кој го организираше најголемиот синдикат на јавниот сектор АДЕДИ. Државните училишта останаа затворени, во болниците работат само итните служби, а прекината е и работата на тролејбусите.

Неколку десетици демонстранти со транспаренти на кои пшува „не за отпуштањата“ и  „ЕУ и ММФ надвор“ се собраа пред Судот во кој се чекаше пресудата по барањето неколку стотици отпуштени хигиеничарки да бидат вратени на работа.

Изрекувањето на пресудата е одложено за февруари следната година.

Новиот штрајк започна во време кога премиерот Андонис Самарас заминува во посета на Германија, најголемиот грчки кредитор, на разговори со германската канцеларка Ангела Меркел.