20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија ги претстави енергетските проекти на состанокот на ЕЗ во Киев

Македонија ги претстави енергетските проекти на состанокот на ЕЗ во Киев

energija 33

Заменик министерот за економија Христијан Делев ги претстави преземените активности на полето на енергетиката во Република Македонија на 12.

Состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница (ЕЗ) што се одржа во Киев, Украина, како земја претседавач со Енергетската заедница во 2014 година.

Со состанокот претседаваше министерот за енергетика и индустрија за јаглен на Украина, Јуриј Продан, а на него учествуваше и еврокомесарот за енергетика во заминување Гунтер Отингер. Се дискутираше за повеќе теми од енергетиката, кои се опфатени со Договорот за основање на Енергетската заедница, меѓу кои статусот на имплементација на Договорот во областите електрична енергија, природен гас, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, животна средина, конкуренција и друго. Покрај тоа, беше претставен и текот на активностите поврзани со имплементацијата на проектите кои се од интерес на Енергетската заедница, како и нивната важност од аспект на обезбедување на сигурност во снабдувањето во регионот, интеграција на пазарите и друго.

Меѓу главните теми беа разгледани и можностите за реформирање на Договорот за основање на Енергетската заедница за наредните 10 години, во насока на зајакнување на механизмите за исполнување на обврските, можност за адаптација на институциите на Енергетската заедница и утврдување на разумни временски рокови за имплементација на законодавството на ЕУ, проширување на Енергетската заедница, зајакнување на институциите кои се формирани со Договорот за основање на Енергетската заедница и друго.

Заменик министерот Делев во своето обраќање на состанокот, го информираше Министерскиот совет за преземените активности во Македонија во изминатата година, како и за предизвиците во делот на енергетиката за наредниот период. Посебно го истакна отварањето на пазарот на електрична енергија, инвестициите во нови капацитети за производство на електрична енергија и развојот на гасификацискиот систем, поддршката за изградба на објекти кои користат обновливи извори на енергија, развојот на електропреносниот систем и друго.

Акцент беше ставен и на развојот на гасификацискиот систем во Македонија, како во делот на преносот, така и во делот на системот за дистрибуција на природен гас и можностите за снабдување со природен гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП