29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија во текот на зимата може да се соочи со недостиг на...

Србија во текот на зимата може да се соочи со недостиг на енергенси

nemastruja

Србија се наоѓа во енергетска криза и во текот на претстојната зима може да има недостиг на гас, мазут, електрична енергија и јаглен, изјави српската вицепремиерка и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ.

„Се разбира, ние сме во енергетска криза. Поплавите не не оставаат да здивнеме. На Србија влијае и кризата во Украина. За 30 години земјата нема изградено ниту една нова електроцентрала“, истакна Михајловиќ.

Таа потенцира дека нема место за паника и вети дека српската Влада ќе направи се што е потребно за да ја снабди земјата со енергенси.

Михајловиќ смета дека Министерството за енергетика треба да и предложи на Владата конкретни планови за снабдување со енергетски ресурси во текот на зимскиот период, како и решенија во случај на ескалирање на украинската криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП