28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСФРЈ и платите – кој како стои?

СФРЈ и платите – кој како стои?

sfrj[]v;r[e]lgb

Највисоката просечна месечна плата на вработените од земјите во Западен Балкан е во Словенија 1.002,75 евра, а најниската во Македонија – 352,47 евра, пренесува Анадолија.

Просечната плата во Словенија во јули изнесувала 1.002,75 евра што е за 7,11 евра повеќе отколку во јуни, кога изнесуваше 995,64 евра.

Истовремено, просечната заработка во Хрватска во јуни изнесувала 728,92 евра, а и Хрватска е покрај Словенија, единствена држава од поранешна Југославија, која има месечна просечна плата повисока од 500 евра.

Од државите кои се потенцијални кандидати за ЕУ, најголема е просечната плата во Црна Гора, која во август изнесуваше 473 евра. Просечната заработка во БиХ во јуни изнесуваше 427,87 евра, а во Србија во јули таа изнесуваше 381,26 евра.

Македонија се наоѓа на последното место со просек од 352,47 евра.

Кога се гледаат и земјите кои не биле во СФРЈ, тука е и Албанија, во која платата во јуни изнесувала 377,84 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП