26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамо 0,1 отсто од жителите на Тајланд поседуваат половина од богатствата во...

Само 0,1 отсто од жителите на Тајланд поседуваат половина од богатствата во државата

tajland1

Само 0,1 посто од жителите на Тајланд поседуваат 46,5 посто од вкупните богатства на државата, а 15,6 милиони Тајланѓани, што е една четвртина од вкупното население, живеат во сиромаштија.

Сјајот на Тајланд како една од најатрактивните туристички дестинации во светот може да се види и доживее во Бангкок и петте познати туристички комплекси, а бедата е присутна во провинциите оддалечени од главниот град.

Овие податоци се од студијата на Националниот совет за економски и социјален развој на Тајланд. Во неа се предупредува дека меѓу 15 милиони жители од категоријата сиромашни, над осум милиони живеат под нивото на долната граница на сиромаштија, што значи дека немаат ни доволно средства за исхрана.

Побогатите жители на Тајланд поседуваат над 80 отсто од вкупното земјиште, а насиромашните 20 проценти имаат само 0.3 отсто од земјиштето.

Иако и претходните влади, како и сегашната преодна влада што ја состави воената хунта што изврши државен удар на 22 мај, одделуваат значајни средства за образование, се вели во студијата, најсиромашните деца имаат само 75 отсто изгледи да завршат основно образование.

Во извештајот на Националниот совет за економски и социјален развој не се наведуваат имињата на најбогатите жители на Тајланд, Познато е дека сегашниот крал и неговото семејство имаат имот и капитал од 49 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП