
Откако цената на златото во Њујорк го достигна најниско ниво во последните осум месеци, сепак не се опорави како што предвидуваа инвеститорите.


Откако цената на златото во Њујорк го достигна најниско ниво во последните осум месеци, сепак не се опорави како што предвидуваа инвеститорите.
Благото закрепнување на американската економија и ниските цени на златото не влијаеа на купувањето на злато. На берзата во Њујорк цената е намалена на 1.215.50 долари по унца (31.0135 грама), а во Лондон на 1.214.61 долари.
И додека американскиот долар достигна најголема вредност во изминатите четири години во однос на еврото, златото е на пат кон првата квартална загуба оваа година.
Златото денес е под голем притисок поради растот на доларот, екстремно високите вредности на американските акции и очекувањата дека американските каматни стапки ќе растат.
Сепак ситуацијата за златото не е потполно црна. Обемот на трговија во Кина, која ја замени Индија, како најголем купувач на злато во 2013 година, минатата недела доживеа нагло зголемување.
А во Индија побарувачката за злато веќе традиционално расте по месец септември, кога започнуваат народните фестивали и сезоната за венчавки.