27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИзговор за се: Премногу сум зафатен!

Изговор за се: Премногу сум зафатен!

prezafaten

Никој не го спори фактот дека живееме триста на час и дека во работните денови дури ни гладот и главоболката не можат да не предупредат дека не сме јаделе со часови.

Прочитајте го овој мал потсетник и список со дневни навики, на кои можете да поработите за да пронајдете време и за нешто друго освен за работата.

 

„Имав долг и напорен ден и премногу сум уморен за сега да правам вежби„

Физичката активност дополнително ќе ви даде сила и ќе го зајакне вашиот имунолошки систем. Мора да вежбата барем полови час три пати во неделата.

 

„Немам време за спиење, имам премногу работа“

И сами знаете колку е важен сонот. Нема начин или работа во светот која ќе ја поправи состојбата на вашето тело, која ќе ја зајакне вашата меморија, ќе донесе нови идеи или можност за учење, како што може сонот. Никогаш и со ништо не го заменувајте сонот. За тоа ќе платите висока цена.

 

Добивте зголемување на платата и сега можете да јадете надвор

Важно е редовно да јадете, но подеднакво е важно и тоа што ќе јадете. Можеби можете да си дозволите да јадете надвор, но подобро е таа пракса да ја избегнувате.

 

Барате помош од кафето и енергетските пијалоци

И двете состојки во себе содржат кофеин кој може да предизвика зависност, но и главоболка, анксиозност, нервоза и депресија. Дали ви е потребно нешто такво во животот?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП