ЕКОНОМИЈА

Суд во Њујорк ја обвини „Арапската банка“ за поддршка на тероризмот

arabbank5bv687tb8h7

Суд во Њујорк пресуди дека „Арапската банка“ обезбедила материјална поддршка за Хамас и дека поради тоа мора да исплати надомест на жртвите во 24 напади на исламски екстремистички групи извршени во Израел и на палестинските територии.

Шестнеделното судење во Бруклинскиот окружен суд е прв граѓански судски процес за финансирање на тероризам во САД.

Судот донесе одлука дека мултинационалната „Арапска банка“ со седиште во Јордан е виновна по 24 точки од обвинението за поддршка на тероризамот преку трансфер на финансиски средства на Хамас. Банката најави жалба на донесената пресуда.