25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУниверзитетот Американ Колеџ Скопје објави конкурс за доделување целосни стипендии за МБА...

Универзитетот Американ Колеџ Скопје објави конкурс за доделување целосни стипендии за МБА програма

i

Цементарница УСЈЕ АД Скопје e oпштествено одговорна компанија, која меѓу другото, придонесува кон развој на човечкиот капитал и потенцијал во Република Македонија. За таа цел, Цементарница УСЈЕ АД Скопје во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) за академската 2014/2015 година доделува целосни стипендии за посдипломски студии на МБА (Master in Business Administration) програма на Факултетот за деловна економија и организациони науки.

Со оваа програма ќе бидат опфатени професионалци од бизнис секторот во Република Македонија.

Програмата за која се доделуваат стипендии е Магистер за бизнис администрација (МБА) – општа програма.

Право на стипендија имаат сите професионалци од бизнис секторот кои имаат завршено додипломски студии во Македонија или странство и имаат минимум 2 години работно искуство во Македонија и/или странство, а ги исполнуваат следниве услови:

-Да се државјани на Република Македонија или странци со регулиран престој во Македонија;
-Да имаа завршено додипломски студии;
-Одлично познавање англиски јазик.

Кандидатите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат пријава која е објавена на веб страната на Цементарница УСЈЕ и УАКС почнувајќи од 22.09.2014 година до 15.10.2014 година и да ја достават електронски на една од следните е-маил адреси: [email protected] или [email protected] (телефон за контакт: 2 463 156 / локал 129).

Потребни документи за конкурсот да се пратат по пошта или достават лично во УАКС:

1. Две препораки,
2. Мотивационо писмо,
3. Потврда за одлично познавање на англиски јазик,
4. Копија од уверение за положени испити,
5. Биографија

Повеќе информации за конкурсот и условите за добивање стипендија можете да најдете на следниот линк. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП