21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобранискиот предлог-буџет за наредната година е 664 милиони и 782 илјади денари

Собранискиот предлог-буџет за наредната година е 664 милиони и 782 илјади денари

Sobranie_-_the_Macedonian_Assembly

Предлог-Буџетот на Собранието на Република Македонија за 2015 година изнесува 664 милиони и 782 илјади денари, што е зголемување за еден процент во споредба со минатогодишниот. И покрај барањата на собраниските служби, во предлогот нема предвидено доволно средства за опремување на шестте сали за комисии во надградбата на зградата и за мебел за веќе завршените триесетина канцеларии за пратениците, така што завршувањето на работите на собраниската зграда ќе се пролонгира за 2016 година.

Богданка Поповска, одговорна за финансиите во Собранието на денешната седцница на Буџетскиот совет на Собранието истакна дека Предлог-буџетот е на ниво на 2014 година и има минимално зголемување од еден процент. Собранието, според неа, имало побарувања од 60 милиони денари за опремување на шестте сали, но одобрени се само осум милиони и 600 илјади денари додека за мебел за веќе завршените канцеларии за пратениците само три милиони.

Пратеничката Светлана Јакимовска рече дека тие не можат да искажат задоволство за опремувањето на салите бидејќи сега пратениците чекаат седниците на комисиите да завршат за потоа да почнат нови. Изрази надеж дека со пренамена на средства салите ќе може да се опремат, како и пратеничките канцеларии.

Генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски рече дека финализирањето на работите на собраниската зграда според планот требаше да заврши до средината на наредната година, но оти според Предлог буџетот логично е еден дел да се пролонгира за 2016 година.

„Битно беше шестте сали да ги опремиме бидејќи имаме потреба од нив. Според новиот Деловник работата во Собранието повеќе во комисиите кои не можат да работат паралелно поради просторен недостаток“, рече Денковски.

За опремувањето на 24-те канцеларии за пратеници тој посочи дека најверојатно амандмански ќе се интервенира за пренамена на пет милиони денари од средствата предвидени за градежни работи на Собранието.

Предлог-Буџетот за 2015 година е проектиран на 181 милијарда 777 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП