
Шпанија повторно го сруши рекордот за посета на странски туристи во месец август.


Шпанија повторно го сруши рекордот за посета на странски туристи во месец август.
Тоа на Шпанија, во која туризмот е еден од главните економски активности, и овозможи да ја заклучи успешно летната сезона.
„Во август девет милиони странски туристи дојдоа во Шпанија, што е раст од 8,8 проценти во однос на август 2013 година, а истовремено и најголемиот месечен прилив на туристи“, соопшти Министерството за туризам.
Најмногу туристи дошле од Британија, а потоа следат Франција и Германија. Тие најчесто ги постувале, Каталонија, Белеарските острови и Андалузија, познати по убавите плажи.
За осум месеци од оваа година, бројот на странски посетители пораснал за 7,3 проценти, на 45,4 милиони, што исто така е апсолутен рекорд.
Шпанија е третата најомилена дестинација во светот, зад Франција и САД.
Околу 10,6 милиони Британци (5,6 проценти повеќе на годишно ниво) ја посетиле Шпанија, 7,6 милиони Французи (10,4 проценти повеќе) и 7,1 милиони Германци (7,5 проценти повеќе).
Од вкупниот број на туристи, 11,7 милиони биле во Каталонија, 8,5 милиони на Белеарските острови, а 7,5 милиони на Канарските острови.
Странските туристи потрошиле повеќе пари отколку претходно. Според податоците на Министерството за туризам тие потрошиле 26,35 милијарди евра во првиот квартал, што е за 7,8 проценти повеќе на годишно ниво.