20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Ѕирнете“ во светот на „Lamborghini“

„Ѕирнете“ во светот на „Lamborghini“

museo-lamborghini2

Како и другите големи производители на автомобили, така и „Lamborghini“ има свој музеј кој се наоѓа во „Sant’Agata Bolognese“, каде што е сместено и седиштето на оваа позната марка на автомобили. За љубителите на „Lamborghini“, ова е вистинскиот рај на земјата.

Колекцијата која е изложена во музејот можеби не е голема, но секој експонат е ремек-дело. Покрај ретките примероци на сериските модели, тука се наоѓаат и концепти на автомобили од богатата историја на „Lamborghini“.

Тука се наоѓаат модели како што се „Lamborghini Countach 25th Anniversary“ од 1988-та година, специјална верзја направена по повод 25 години од основање на компанијата, потоа концептот-лимузина „Estoque“ од 2008-та година, „Gallardo Concept S“ и прототипот „Diablo Roadster“.

Покрај останатите тука се и „Lamborghini Miura SV“, концептот „Kanto“, престижниот „Reventon“ од 2007, „Diablo GT2“ прототип и „Diablo VT 6.0 SE“.

Но колекцијата немаше да биде потполна ако ги немаше куриозитетите како што се теренското возило „LM002“ или специјалниот примерок на „Gallardо“ прилагоден за потребите на италијанската полиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП