16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд утре нова банкнота од 10 евра

Од утре нова банкнота од 10 евра

10evranew

Новата банкнота од 10 евра утре ќе биде пуштена во оптек.

Како и новата банкнота од 5 евра, така и новата банкнота од 10 евра содржи неколку подобрувања во однос на заштитата. Холограмот и водениот жиг на банкнотата го покажуваат портретот на Европа, лик од грчката митологија.

На новата банкнота има уште неколку обележја кои на фалсификаторите ќе им ја отежнат работата. На рабовите се изразени релјефните линии кои можат да се почувствуваат со благ допир на прстот, а освен тоа, предната страна има и рефлектирачки делови.

Иако во последните неколку години не е зголемен бројот на фалсификувани банкноти, Европската централна банка со воведувањето на новите банкноти, сака да биде чекор пред фалсификаторите.

Европската централна банка наведува дека поради искористување на залихите и понатака ќе издава банкноти од 10 евра од првата серија. Тие ќе бидат во оптек истовремено со новите банкноти од 10 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП