29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlrosa остана без првиот човек

Alrosa остана без првиот човек

alrosa_6

Најголемиот светски производител на дијаманти „Alrosa“ остана без првиот човек.

Директорот на руската групација „Alrosa“, Федор Андрејев одлучи да поднесе оставка во која образложи дека има здравствени проблеми, соопшти компанијата која е најголем светски производител на дијаманти.

По веста за оставката акциите на компанијата утрово на берзата во Москва забележаа пад на 37,41 рубљи по акција (0,75 евра) што е за 2,7 отсто пониска цена отколку на затворањето на тргувањето во петокот.

Адрејев на чело на компанијата дојде во 2009-та година и формално во јули му истекуваше мандатот. Пред тоа надзорниот одбор на „Alrosа“ ги поддржа активностите на Андрејев и препорача тој повторно да добие нов петогодишен мандат.

Меѓутоа, според некои медиуми, заменикот на премиерот задолжен за компанијата Јуриј Трутњев бил против неговата кандидатура. Неговото незадоволство, како што известуваат медиумите, е предизвикано од иницијалната јавна понуда (IPO), која според него била против интересите на државата.

Трутњев ја демантираше оваа информација, но изјави дека „Alrosa“ сепак може да работи поефикасно.

Основни акционери на „Alrosа“ се Русија (43,9 oтсто) и Јакутија (25 проценти плус една акција), додека во слободен промет има околу 23 отсто акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП