26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија должна како Грчка, ги зголемува даноците

Јапонија должна како Грчка, ги зголемува даноците

japonija15

Јапонија треба повторно да го зголеми данокот на промет наредната година, и покрај економските турбуленции кои таквиот данок ги донесе оваа година, соопшти ОЕЦД.

„Банката на Јапонија мора и по 2015 година да ја подржи третата по големина светска економија“, изјави заменик генералниот секретар на ОЕЦД Ринтаро Тамаки, пренесува агенцијата Франс прес.

„Јапонскиот јавен долг се зголеми во последните години, па сега може да се спореди со грчкиот. Токио не само што треба да го примени планираниот раст на данокот на пормет во октомври 2015 година, туку и да планира нов раст на даноците со цел да се избегнат стравувањата околу издржливоста на јавните финансии“, наведе Тамаки.

Јапонија во април го зголеми данокот на промет од пет на осум проценти во рамките на структурните реформи и најави раст на даноците на 10 проценти во октоври идната година. Економскиот раст во таа земја во три месеци заклучно со јуни е намален за 1,8 проценти во однос на претходниот квартал, што е најголемиот пад од земјотресот и цунамито во 2011 година.

Јавниот долг на Јапонија од околу 230 проценти од бруто домашниот производ е најголем меѓу богатите земји, главно поради големите средства потрошени на здравствените и социјалните бенефиции и рапидното стареење на населението.

Во април минатата година, Банката на Јапонија лансираше програма за купување на средства, слична на квантитативното олабавување кое го спроведува американската Управа на федерални резерви, во цел обезбедување на подршка на цените, чиј пад со децении ја мачеше оваа економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП