19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради големата побарувачка, Alibaba ќе издаде нови акции!

Поради големата побарувачка, Alibaba ќе издаде нови акции!

alibaba bogat

„Alibaba Group“ ќе издаде дополнителни акции, тврди „Wall Street Journal“, па иницијалната јавна понуда (IPO) на оваа кинеска компанија за е-трговија би можела да стане најголема во историјата, со вкупно остварени 25 милијарди долари.

Благодарејќи на големата побарувачка, во првиот ден од тргувањето на „Wall Street“ цената на ацкиите на „Alibabа“ забележа скок во петокот од 38 проценти, па поради тоа компанијата одлучи на пазарот да понуди дополнителни акции.

Досега во јавната понуда се запишани околу 320 милиони акции на „Alibabа“ по цена од 68 долари, а со тоа се остварени 21.8 милијарди долари.

Со тоа „IPO“ акцијата на „Alibabа“ стана најголема во историјата во САД. „Visa“ во 2008-ма на јавната понуда оствари 19.65 милијарди долари, а „Facebook“ во 2012-та година 16 милијарди долари.

Во дополнителната понуда би можело да се најдат максимално 48 милиони нови акции по цена од 68 долари. Во тој случај вкупната вредност на јавната понуда би можела да достигне 25 милијарди долари. Со тоа „IPO“ на „Alibabа“ ќе стане најголемиот во историјата во светот, пред јавната понуда на акциите на „Agricultural Bank of China“ за кои во 2010-та беа собрани 22.1 милијада долари.

Откако цената на акциите на оваа кинеска компанија во петокот забележаа скок од 38 проценти, на скоро 94 долари, пазарната вредност на „Alibabа“ достигна 231.4 милијади долари, повеќе од што вредат нејзините конкуренти „Amazon.com“ и „eBay“ заедно. Притоа „Alibaba“ вреди повеќе и од „Boeing“, „Facebook“, банката „JPMorgan Chase“ и сите останати компании од „S&P 500“ индексот, освен првите десет.

Јавната понуда на акции на „Alibabа“ се смета за невиден успех, со оглед на тоа дека според одредени истражувања околу 88 проценти од Американците никогаш немаат слушнато за оваа компанија. Имено, таа со е-трговија остварува околу 80 проценти од целата „online“ продажба во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП