23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА6 трикови полесно да го преживеете понеделник

6 трикови полесно да го преживеете понеделник

good-morning-monday-page2

Искористете ги овие трикови со цел понеделникот полесно да ви помине, како и остатокот од работната недела…

1. Без одложувања

Десет минути продолжување на сонот звучи многу примамливо, но тие десет минути би можеле да бидат многу штетни. Имено, тие десет минути можат да ве лансираат во втор циклус од спиењето по кој кога ќе станете ќе бидете уште попоспани. Расцепканиот сон може да ве направи многу уморни во текот на денот, затоа избегнувајте го.

2. Помирисајте цвеќе

Ова го откри истражувањето на Харвард, во кое учесниците изјавиле дека се чувствувале посреќни и поенергични откако во понеделничкото утро помирисале цвеќе.

3. Наместете го креветот

Оваа задача ќе ви помогне да се чувствувате мирно и дисциплирано во текот на денот. „Фактот дека сте си ја исполниле вашата обврска, ќе го зголеми нивото на вашата среќа“.

4. Бои

Мислиме на оние кои ќе ги ставите на себеси. Одберете нешто црвено или виолетово, тоа се енергични бои. Се чувствувате лошо? Жолтата и зелената боја ќе го зголемат вашето расположение.

5. Квалитетен појадок

Никогаш не го прескокнувајте најважниот оброк во денот, научно е докажано дека тој го подобрува краткорочното помнење и когнитивните перформанси.

6. Музика

Станува збор за сите стилови на музика. Ова е одличен трик за поубаво утро и поубав работен ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП