25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродолжува штрајкот на Air France

Продолжува штрајкот на Air France

airfrancestrikepiloti

Штрајкот на пилотите од француската авиокомпанија „Air France“, кој требаше да биде прекинат денес, ќе продолжи до петок, односно до 26.септември, соопштија од компанијата.

„Air France“ изразува жалење што пилотите најавија дека штрајкот ќе го продолжат до 26 септември. Не чекајки го исходот од преговорите со синдикатот, „Air France“ ги повика своите патници да го одложат паувањето или бесплатно да ја заменат картата“, се наведува во соопштението на раководството на авиокомпанијата.

На петтиот ден од штрајкот откажани се 55 проценти од летовите, а управата за вчерашниот ден планираше дека ќе бидат реализирани 45 проценти од летовите, додека синдикатот тврди дека ќе бидат откажани 60 проценти од летовите.

Пилотите со штрајкот бараат ист договор за работа за сите пилоти, бидејќи се незадоволни со најавените планови за развој на нискобуџетната авиокомпанија „Transavia“, која настана во соработка на „Air France“ и холандскиот „KLM“.

Според тој план, повеќето пилоти би работеле со договор на определено време.

Ова ќе биде најдолгиот штрајк на пилотите од 1998 година, кога протестите траеа 10 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП