29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на директните странски инвестиции во Албанија

Пад на директните странски инвестиции во Албанија

Albania

Директните странски инвестиции во Албанија во вториот квартал од оваа година бележат пад од 35,5 отсто, забележувајќи рекордно намалување во изминативе неколку години.

Според Централна банка на Албанија, како што јави дописникот на МИА, во периодот април- јуни 2014 година странските компании во албанската економија инвестирале 182,9 милиони евра или 100 милиони евра помалку споредено со истиот период лани.

Почетокот на оваа календарска година почна успешно кога станува збор за странските инвестиции. Во првото тримесечие тие биле поголеми за 73 милиони евра споредено со истиот период лани. Но, падот во вториот квартал услови пад на директните странски инвестиции за 7,3 отсто во првата половина од годинава, споредено со истиот период лани.

Соочени со тешката состојба во економијата и топењето на домашните инвестции, на странските инвестиции се гледа како на главен извор не само за раст на енономијата, туку и за намалување на високиот процент на невработеност. Тука секако и постојаниот пад на висината на депозитите на албанските емигранти, кои последните години постојано опаѓаат.

Минатата година во Албанија странските инвестиции достигнаа 972 милиони евра, главно од нафтената индустрија. Експретите на Централна банка сметаат дека падот на инвестициите во второто тримесечие може да е поврзано со инвестицискиот циклус на компаниите концесионери на нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП