28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрибина за новото индексно осигурување на земјоделството

Трибина за новото индексно осигурување на земјоделството

zemjodelstvo12

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Европа Ре денеска во Младо Нагоричане, Кумановско организираат трибина со земјоделците за запознавање со новото индексно осигурување на остварени приноси од посеви во Македонија.

Новото индексно осигурување е оригинален и иновативен производ за осигурување на земјоделството, развиен и поддржан од Европа Ре. Функционира на тој начин што евентуалните загуби на земјоделците предизвикани од временски непогоди се мерат во однос на индексот, односно просечниот принос на ниво на општина, за секоја поединечна земјоделска култура.

Предвидено е исплатите на оштетните побарувања да се вршат автоматски, наместо со примена на теренска проценка на штети и загуби на поединечни парцели. Новото осигурување ќе се нуди единствено преку домашни друштва за осигурување кои ќе бидат акредитирани од Европа Ре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП