28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКосово го очекува финансиски колапс во 2015

Косово го очекува финансиски колапс во 2015

kosovo54554656

Косово го очекува финасиски колапс, доколку продолжи институционалната криза до крајот на годинава, оценуваат косовските економски експрети, кои искажуваат голема загриженост од актулената состојба.

„Политичкиот ќор-сокак е голема пречка за економскиот развој на земјата. Ако оваа ситуација продолжи, ќе има големи буџетски проблеми. Неконституирањето на Парламентот ќе предизвика проблеми во извршувањето на плаќањата за 2015 година. Доколку не се усвои буџет за наредната година, ќе има големи проблеми во спроведувањето на капитални проекти“, сметаат економските експрети.

Како што јави дописникот на МИА, наспроти нив косовкото Министерство за финансии смета дека не може да се јават проблеми, бидејќи законската основа овозможува да се реализираат неопходните буџетски планирања и без ребаланс на годинешниот буџет и без усвојување на буџетот за наредната година.

Извори од Министертвото за весникот „Коха сот“ потврдуваат дека се работи на усвојување буџет според Законот за менаџирање на јавните финансии, но доколку не се конституираат инситуциите, тогаш според истиот закон ќе се примени соодветниот член кој за основа ја зема актуелната година. Според овој член се обезбедува буџетска распределба за 2015 година идентична со онаа од 2014. Од Министертството наведуваат дека буџетот за наредната година веќе е прокетиран да тежи 1,6 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП