20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе плати за своите санкции

ЕУ ќе плати за своите санкции

dmitrijmedvedev

Европските производители со кои поради санкциите е прекината соработката, во иднина ќе можат да ги заземат само слободните места на пазарот во Русија.

Ова го изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев, порачувајќи им на латиноамериканските и азиските партнери при склучувањето на долгорочни договори за испорака на стока дека нема причина за нервоза.

„Нивните досегашни области во нашата економија ќе ги заземат нашите производители – на што се надеваме, или други странски производители, и во тие области европските партнери нема да можат да се вратат. Тоа е цената која Европа мора да ја плати“, изјави Медведев.

Претседателот на руската влада, како што пренесува агенцијата Итар тас, изјави дека „порано или подоцна во секој случај ќе биде постигнат договор“ и дека „санкциите нема да траат бесконечно“, но европските партнери нема да можат да се вратат на местата кои ќе ги загубат.

Медведев ги смируваше економистите од Азија и Латинска Америка кои имаат намера наместо европските доставувачи да влезат на рускиот пазар, дека во случај на нормализација на односите помеѓу Русија и Европа, нивните позиции никогаш нема да бидат загрозени.

„Ние сме пристоен свет. Ако се договориме за нешто, ќе го исполниме договорот кој постои, вклучувајќи ги и договорите со латиноамериканските и азиските партнери, тоа е несомнено“, изјави тој.

„А тие, кои ќе бидат подготвени повторно да се вратат, можат да се вратат само во делот кој ќе преостане, но не повеќе од тоа“, нагласи Медведев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП