2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе се откажувајте: Пред успехот ве очекуваат неколку неуспеси

Не се откажувајте: Пред успехот ве очекуваат неколку неуспеси

succes-2

„Морате да паднете на патот до успехот. Во претприемништвото, не постои „лесно“. Нема скратен пат. Никогаш“, вели Џесика Херен, основач на компанијата за накит „Stella and Dot“.

„Вие не треба да правите нешто што ќе се реализира преку ноќ. Ако немаше тешки делови, тогаш креирањето немаше да се исплати. Морате да паѓате многу често, ако сакате да бидете успешни.“ – рече Херен, додавајќи дека претприемачите мора да паѓаат на нивниот пат низ обидите и пасијата.

Ова значи дека е неопходно освојувањето на стравовите, и тоа на тие што најчесто се јавуваат во форма на опсесивно мислење и планирање. Во насока да почнете бизнис, претприемачите мора да престанат со претераното мислење на нивната идеја и бизнис планот и да се насочат кон правење бизнис, дури и тоа да значи паѓање и станување во процесот.

„Работата е тоа што го прави бизнисот а не размислувањето, борбата и прашањата. Правете повеќе.  Мислете помалку. Не поради тоа што не размислувате, туку затоа што правењето нешто го надминува тоа.“

„Можете да потрошите енормна количина на време правејќи работи кои се излишни за успех. Тоа не е градење бизнис, тоа е губење време, затоа што се плашите да одите да го направите тоа што навистина значи. Како да започнете? Одете и продадете нешто. Одете на пазар или слично.“

Наместо да ја фокусирате енергијата на препреки како што се собирање пари и зголемување на продажбата, претприемачите би требало да се фокусираат на тоа колку би било прекрасно откако ќе ги преминат препреките. Клучот е во тоа да избегнете да се презаситите“, инсистираше Херен.

„Јас секогаш ќе бидам сигурна дека животот нема да ме направи презаситена, да се обидам пак.“- рече таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП