3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPrada забележа пад на профитот

Prada забележа пад на профитот

pradaklcr9g

Италијанската модна куќа „Prada“, позната по луксузната облека, кожната галантерија, чевлите и куферите, оствари пад на нето продажбата од 20,6 проценти во првиот квартал.

Истата тенденција се очекува и во другите шест месеци од оваа година, се наведува во соопштението на италијанската компанија кое го пренесува агенцијата АФП.

„Првата половина од фискалната 2014 година беше обележана со „тешки политички и макроекономски услови, како и неповолно колебање на девизниот курс“, објаснија претставниците на „Prada“.

Во првите шест месеци компанијата остварила раст на приходите од 1,3 проценти на 1,751 милијарди евра со истовремен пад на оперативниот профит од 10,6 проценти на 492,8 милиони евра. Една од причините за пад на профитот е и отворањето на 75 нови продавници во текот на последните 12 месеци

Претставниците на „Prada“ слична тенденција во поглед на работењето очекуваат и во вториот дел од годината, со оглед на тоа што не постојат знаци кои укажуваат дека економската и геополитичката ситуација во наредниот период ќе се подобри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП