4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Шпекулациите за претворање на Русија во затворена економија се несоодветни“

„Шпекулациите за претворање на Русија во затворена економија се несоодветни“

medvedevdmitrijrusija564687

Шпекулациите за претворање на Русија во затворена економија се несоодветни, затоа што ние сакаме да останеме при основните принципи на макроекономската политика, изјави Медведев.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денес го потпиша декретот за воведување на царини на украинската стока.

„Сите шпекулации за фундаменталните промени на моделот за економски развој, во насока на затворена економија, се несоодветни и непотребни“, изјави Медведев.

Тој, исто така, го коментираше и зајакнувањето на улогата на Русија на азискиот пазар, изјавувајќи дека големата улога на Русија во овој регион ќе придонесе за зајакнување на нејзиниот удел и во другите региони, вклучувајќи го и Западот.

„Зајакнувањето на улогата на нашата земја во азискиот регион, без сомневање, ќе придонесе за зајакнување на нашиот удел и во другите региони, како и на Западот“, порача Медведев.

Освен тоа, тој денес го потпиша декретот за воведување на царина на украинската стока, како одговор на украинското потпишување на Договорот за пристапување кон Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП