25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурската „Про лајн“ ќе гради фабрика во Македонија

Турската „Про лајн“ ќе гради фабрика во Македонија

gruevskiturcijaposeta

Турската компанија „Про лајн“ ќе гради фабрика за производство на пластика во Македонија во вредност од околу 3 милиони евра, објави сопственикот на компанијата Алтан Чургелич по вчерашната средба со премиерот Никола Груевски по завршувањето на бизнис форумот во Адана, Турција.

Локацијата за фабриката, рече Чургелич, дополнително ќе биде утврдена.

„По мојата прва посета одлучивме да инвестираме во Македонија. За неколку месеци одлучивме да започнеме со изградба на нашата фабрика и со нас сакаат да инвестираат уште пет други пријатели инвеститори. Македонскиот пазар во поглед на европскиот пазар и економија дава премногу предности“, изјави Чургелич.

Турскиот инвеститор посочи дека има поширок план за развој и инвестирање и го објасни својот план за инвестирање.

„Во однос на првата инвестиција на мојата компанија размислуваме да биде околу 3 милиони евра и да обезбеди 50 вработувања, а останатите мои бизнис партнери се заинтересирани да инвестираат повеќе или помалку, но тие се се уште во фаза на подготовка на нивниот проект“, изјави Алтан Чургелич.

Премиерот Груевски веднаш по денешниот последен бизнис форум посочи дека посетата на Мерсин, и воопшто на Турција помина многу добро и многу успешно.

„Вклучувајќи го и денешното претставување и средби со потенцијални инвеститори, пет компании со сигурност потврдија дека доаѓаат да инвестираат во Македонија, во различни сектори, а огромен дел од нив се на добар пат. Дел ќе ги викнеме да дојдат во Македонија да видат локации, да остварат средби со стопанските комори, со институциите, и со бизнис партнери доколку сакаат да ги запознаат. Така што на добар пат сме да привлечеме поголем број на компании“, изјави Груевски.

Овие пет компании, нагласи, веќе за време на престојот на владината делегација во Турција објавија дека ќе инвестираат во Македонија. – Но, очекуваме уште поголема бројка по нивното доаѓање, разгледување на можностите, на лице место да донесат одлука, да отворат свои капацитети, а со тоа да отворат нови работни места за нашите граѓани“, рече премиерот Никола Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП