19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо летниот период зголемен бројот на патници на македонските аеродроми

Во летниот период зголемен бројот на патници на македонските аеродроми

aerodrompatnici

Зголемување на бројот на патници на македонските аеродроми е забележано во летниот период во споредба со минатата година.

Според податоците што денеска ги објави Министерството за транспорт и врски, во јуни, јули и август на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид превезени се вкупно 430.367 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени 367.473 патници.

Најголем пораст е забележан во август кога од двата аеродрома се превезени вкупно 159.153 патници што претставува пораст од 21 процент во однос на истиот месец лани кога низ двата аеродрома поминале вкупно 131.486 патници.

Најголемиот дел од патниците патувале за Истанбул, Виена, Цирих, Лондон, Базел, Малме и Белград.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП