26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата Hoffmann - La Roche е повторно рангирана помеѓу најстабилните здравствени компании...

Компанијата Hoffmann – La Roche е повторно рангирана помеѓу најстабилните здравствени компании

roche

Во периодот од последните шест години, компанијата Hoffmann- La Roche (ШЕСТ:RO, ROG, OTCQX: RHHBY)  беше препозната според индексот за стабилност на Дау Џонс (DJSI) како лидер во секторот за одржување на стабилност во областа на фармацевтската, биотехнолошката и научната индустрија. Овој индекс ја рангира компанијата Hoffmann- La Roche во групата на првите 10% од компаниите од сите испитани индустрии.

Содржината на индексот на DJSI, се базира на длабока анализа на достигнување во економска, социјална област како и во областа за екологија, одредување на спорни прашања како корпоративна политика, обврзаност на акционерите, управување со ризик, стандарди за дистрибуција, почитување на правата на вработените. Проценката на DJSI стана главна одредница за инвеститорите кои што ја земаат во предвид стабилноста во нивните портфолија.

Во проценката за оваа година на DJSI, компанијата  Hoffmann -La Roche беше рангирана со најмногу бодови во индустријата во неколку области. Во оваа проценка беше вклучен начинот на кој што компанијата  Hoffmann La Roche постапува со клиентите, со дистрибуцијата како и начинот на кој што компанијата помага да се адресира проблемот во здравствената заштита преку квалитетот на своите производи и услуги. Компанијата  Hoffmann – La Roche исто така беше рангирана со најмногу бодови во врска со ангажирање во речиси секое прашање за вработените, вклучувајки го и напредокот на вработените, почитување на човекови права како и привлекување и задржување на добри таленти.

“Голема награда е за нас, е што Hoffmann- La Roche продолжува да биде препозната како најстабилна компанија во нашата професија. Од своето основање пред речиси 120 години, начинот на работа беше воден според принципите на стабилност и долгорочно планирање“, изјави Северин Шван, ЦЕО на компанијата  Hoffmann – La Roche. “Остануваме посветени на континуирана иновација како наш најголем придонес на општеството и стабилна иднина за сите нас.“

Во 2009 година, компанијата  Hoffmann La Roche, воведе повеќе петгодишни корпоративни цели како и индикатори (за водечко достигнување) за мерење на прогрес. Освен ова, компанијата  Hoffmann- La Roche постави за цел, застапеност на различни полови со што се зголеми процентот на жени на водечка позиција за најмалку 50%, како и цел за енергетска ефикасност со намалување на енергетската потрошувачка и зголемување на енергетската ефиксност за 10% до крајот на 2014 година. Компанијата  Hoffmann – La Roche ја постигна целта за застапеност на различни полови до крајот на 2013, една година порано од предвиденото, додека енергетскиот таргет до крајот на 2012, две години пред предвиденото. Компанијата работи на вклучување на  нови цели за стабилност во корпоративните цели на компанијата за наредните пет години.  Како дополнение, пристап до здравствената заштита е се уште проблем во многу делови од светот, и компанијата  Hoffmann – La Roche активно работи со владите, со здравствени работници, невладините организации како и други организации со преку 100 дадени иницијативи на глобално ниво за да се подобри пристапот до нашите лекови и дијагностика.

Во период од последните дваесет години, компанијата  Hoffmann – La Roche беше вклучена во FTSE4 Good Index Series,  индекс кој што го мери достигнувањето на компаниите кои што ги остваруваат стандардите на корпоративните одговорности на глобално ниво , понатаму компанијата беше континуирано препозната како една од најдобрите места за работа во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП