19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft подели 2.100 откази

Microsoft подели 2.100 откази

microsoft-headquarters-070712

Американскиот софтверски гигант „Microsoft“ укина 2.100 работни места, како дел од втората фаза од отпуштањата најавени претходно оваа година.

„Преземавме нови чекори во тој процес, укинувајќи околу 2.100 работни места. Отказите се реализирани во различни филијали на „Microsoft“ и во различни земји во светот“, се наведува во соопштението на „Microsoft“, кој во рамките на првата фаза отпушти 13.000 работници.

Како што потсетува агенцијата Франс прес, „Microsoft“ во јули го претстави планот за укинување на 18.000 работни места во целиот свет до крајот на оваа година, од кој најголем дел на работни места ќе бидат укинати во неодамна преземената компанија „Nokia“.

Американскиот технолошки гигант наведува дека ќе продолжи со процесот на отпуштање на „најразумен можен начин“ и дека ќе им понуди отпремнина на оние кои го загубиле работното место.

Станува збор за најголемото отпуштање на работната сила во историјата на „Microsoft“, бидејќи без работа ќе останат околу 14 проценти од вработените во оваа компанија од вкупно 127.000 работници во целиот свет.

За трошоците поврзани со отказите, „Microsoft“ ќе мора да издвои помеѓу 1,1 и 1,6 милијарди долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП