Украинскиот претседател Петро Порошенко соопшти денес дека САД му ветиле на Киев финансиска гаранија од милијарда долари за собирање на средствата на пазарите на капитал.
„Со претседателот Барак Обама е договорено дека Украина ќе добие милијарда долари во финансиски гаранции“, напиша Порошенко на Твитер,
Тој ова го објави по посетата на Вашингтон, каде ја обезбеди помошта од 53 милиони долари, но не ја убеди Америка на Украина да и испорача оружје за борбата со про-руските сили на истокот на земјата.
Украина во првата половина од годината позајми една милијарда долари на пазарите на капитал благодарение на слична ваква гаранција од страна на САД.