6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony ќе го реконструира своето мобилно одделение

Sony ќе го реконструира своето мобилно одделение

sony mob 22

Откако „Sony“ објави дека загубите во нивната тековна фискална година изнесуваат 2.15 милијарди долари, компанијата одлучи дека мобилното одделение ќе мине низ процес на реконструкција.

Првата фаза на тој процес вклучува отпуштање на 1000 вработени, кои претставуваат 15 проценти од вкупната работна сила во тој оддел.

Причината за неуспехот на „Sony“ на пазарот на паметни телефони се крие во евтините кинески уреди кои имаат слични карактеристики (како што е на пример „Xiaomi“) т.е. неможноста на компанијата да ја поправи својата лоша позиција на американскиот пазар.

По повод лошите финансиски резултати, главниот извршен директор на компанијата, Казоу Хираи, даде изјава за „Wall Street Journal“ во која тврди дека и натаму ќе остане на својата позиција и дека компанијата нема да се откаже од пазарот на паметни мобилни уреди.

Според новата стратегија, „Sony“ отсега ќе се концентрира на пазарите на „high-end“ паметни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП