25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија воведува сет економски мерки во обид за излез од кризата во...

Србија воведува сет економски мерки во обид за излез од кризата во државата

Aleksanda

Српскиот премиер Александар Вучиќ синоќа објави економски мерки за заздравување меѓу кои се намалување на платите и пензиите поголеми од 25.000 динари (211 евра), остра борба против сивата економија, отпуштање вишок вработени во администрацијата, намалување на субвенциите во јавни претпријатија и јакнење на приватниот сектор.

Тој најави раст во економијата во идната година и излез од кризата во 2016 година.

Граѓаните со најниски плати и пензии ќе бидат поштедени од намалување, а тоа се однесува на вработените во јавниот сектор со плати пониски од 25.000 динари и за пензионерите кои примаат толкави пензии.

– Тоа се најсиромашниот дел. Тешко дека ќе можат да ги платат сите сметки ако ги намалиме нивните примања. Најверојатно за останатите ќе се примени линеарно намалување од 10 или 10,5 отсто, изјави Вучиќ за државната телевизија.

Примањата за пензионерите над 35.000 динари ќе се намалат за 6,2 отсто, а повисоките од 40.000 односно 60.000 за девет отсто и 16 отсто.

– Пензионерите не се виновни. Виновни се оние што ни ја уништија државата, изјави Вучиќ.

Планираните заштеди од платите и пензиите се околу 400 милиони евра, а до планираните 700 милиони евра, како што нагласи ќе се дојде до „тешки мерки“.

Вучиќ најави и укинување на солидарниот данок.

– Србија е ликвидна, граѓаните не треба да се плашат. Имаме пари до април следната година и без задолжувања, истакна српскиот премиер.

Тој наведува дека во периодот 2008-2012 година Србија била задолжена од осум на 17,67 милијарди евра и оти приватниот сектор е уништен, а „темелно се уништувало секое јавно претпријатие“.

– Платите во јавниот сектор се повисоки за 40 отсто од приватниот сектор кој го издржува јавниот, напомена Вучиќ…Ако мерките успеат, а јас верувам во планот и оздравување на Србија, во 2016 година ќе бидеме нормална држава со здрава економија, изјави Вучиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП