25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕлисон ја напушта функцијата во Oracle

Елисон ја напушта функцијата во Oracle

elison oracle

„Oracle“, објави дека основачот и долгогодишен извршен директор на компанијата Лари Елисон ќе ја напушти функцијата.

Елисон, кој е петти најбогат човек во светот, ќе биде заменет од страна на Марк Херд и Сафра Кац, информираа од „Oracle“. Херд и Кац ќе бидат назначени истовремено за извршни директори на компанијата. Лари Елисон ќе ја преземе функцијата на извршен претседател и главен службеник за технологија.

Од „Oracle“ најавија дека производството, правните и финансиските прашања ќе бидат под раководство на Кац, додека продажбата, услугите и бизнис единиците ќе ги раководи Херд.

elison oracle1

„Лери изјави многу јасно дека сака да продолжи да работи со полно работно време и да ја концентрира својата енергија на дизајнирање на производи, инженеринг активности, технолошкиот развој и стратегијата на компанијата“, се вели во соопштението на Мајкл Боскин, кој го предводи одборот на директори на „Oracle“.

„Сафра и Марк се неверојатно директори, кои постојано ја покажуваат својата способност да раководат со компанијата и да го прошируваат нејзиното работење. Ние тројцата заедно работиме добро во последните неколку години и планираме да продолжиме да го правиме тоа и во иднина. Зачувувањето на интегритетот на овој тим секогаш бил мој главен приоритет“, вели Елисон во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП