
Јапонската корпорација „Toshiba“ најави дека до крајот на оваа фискална година ќе заврши со реструктуирањето на својот оддел за производство на персонални компјутери. Како дел од тој процес, како најважна се истакна потребата за намалување на оперативните трошоци, што со себе неизбежно повлекува и отпуштање на вработените. Според најавите од компанијата до крајот на фикалната година (која завршува во март 2015 година) од овој оддел ќе бидат отпуштени 900 вработени.

