
По посетата на Ескишехир, Република Турција, на Претседателот на Владата на Република Македонија, г-ин Никола Груевски и членовите на владината делегација, меѓу кои и Заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Климент Шекеровски, каде се се обратија на бизнис форумот за презентација на поволностите кои ги нуди Република Македонија за реализација на странски инвестиции, претставници на дваесет компании на Стопанската комора на Ескишехир, предводени од Претседателот на комората, денес во Скопје имаа средба со претставници на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.



