20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботилница за воведување ХАЦЦП во угостителските објекти

Работилница за воведување ХАЦЦП во угостителските објекти

corso_haccp

„Интензивирање на воведувањето ХАЦЦП во угостителските објекти во Република Македонија“ е тема на денешната работилница која ја организира Агенцијата за храна и ветеринарство, во Куманово.

Работилницата, информираат надлежните од Агенцијата за храна и ветеринарство се одржува согласно одобрениот Акциски план од Владата на РМ, за интензивирање на имплементацијата на ХАЦЦП во угостителските објекти. Пред угостителите од општината беше презентиран и „Водичот за импелентација на ХАССП во угостителските објекти“,изработен од здружението “ХОТАМ”,а одобрен и публикуван од Агенцијата за храна и ветеринарство.

„На работилниците им објаснуваме на угостителите, како полесно да го имплементираат системот во своите објекти како и флексибилноста на примената на системот. Не може во угостителството да се примени класичен ХАЦЦП систем како што се применува во една индустрија. Во угостителството не се спроведуваат сите седум чекори на ХАЦЦП системот. Во угостителството има чекори кои не можат да се спроведат и тоа на овие работилници го разговараме со угостителите, вели раководителот на Секторот за храна од неживотинско потекло“, Ленче Јовановска.

Угостителите треба да разберат, додава Николовска, дека станува збор за контролен систем кој треба самите да го програмираат и почитуваат, а Агецијата го контролира со крајна цел потрошувачот да добие безбедна храна.

Угостителите сметаат дека ваквите работилници нудат можност за разрешување на одредени прашања при примена на системот и дека досега остварувале одлична соработка со Агенцијата.

„Постојано се координираме не советуваат, ни даваат насоки во кој правец да се применува системот. Потребни се вакви работилници, бидејќи имаме директна можност да дадеме одреден предлог кој произлегува од практичната примена на системот во објектите“, рече Трајан Николовски од гостилница “Грче”.

Денешната е 15-та од вкупно планираните 24 работилници кои се оддржуваат во различни општини во државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП