18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Демпо груп“ од Турција ќе инвестира во две фабрики во Македонија

„Демпо груп“ од Турција ќе инвестира во две фабрики во Македонија

DE49B4EF97901CCEB278F26274864189

Турската компанија „Демпо груп“ ќе инвестира во изградба на две фабрики во Македонија, во кои ќе отворат 300 нови работни места. Првата фабрика ќе биде за производство на амбалажа, со вредност на инвестицијата од 3 милиони долари, а втората за мермер и мозаици, со инвестиција помеѓу 2,5 и 3 милиони долари.

Инвестицијата ја објави денеска Музафер Полат, сопственик на „Демпо Груп“ по средбите со премиерот Никола Груевски и владината делегација која во Турција ги презентира можностите за инвестирање во Македонија.

„Пред четири месеци ја посетивме Македонија, програмата беше организирана од Инвест Маседониа и нејзиниот претставник од Анкара. Ја разгледавме цела Македонија и одлучивме дека ќе инвестираме таму. Планираме да дојдеме со две дејности во Македонија, првата е во секторот на амбалажа и производство. Тоа ќе биде фабрика во вредност од 3 милиони долари. Во првата дејност ќе има 150 вработувања“, изјави Полат.

Планира, како што рече, префрлање на дел од капиталот на компанијата во Македонија во изградба на фабрика за производство на мермер и мозаици. „Во нашата дејност имаме и дел кој се занимава со производство на мермер, планираме да ја префрлиме нашата фабрика за производство на мермер од Турција во Македонија. Планирана е преработка на мермер односно производство на мозаици од мермер. За почеток би биле 150 вработувања, а во подоцнежната фаза од 300 до 400 вработувања. Во почетна фаза, за производство на мермер инвестицијата е од 2,5 до 3 милиони евра“, рече Полат.

Со тек на време „Демпо груп“ планира зголемување на износот и на двете инвестиции. – За првата инвестиција, за производство на амбалажа планираме да отпочнеме во првиот квартал од 2015 година, а за инвестицијата за производство на мермер и мозаици планираме да започнеме во вториот квартал од 2015 година, изјави сопственикот на „Демпо груп“, кој е сопственик на повеќе производствени погони за јаглен, амбалажа и мермер во Турција.

Премиерот Груевски изрази задоволство од одлуката на турската компанија за инвестиции во Македонија. Турскиот инвеститор, нагласи, сака да ја реализира инвестицијата што побргу поради што наскоро ќе ја посети Македонија да ги утврди локациите за фабриките.

„Голем е интересот во сите овие градови кои што ги посетивме. Вчера компанијата „Демпо“ во Анкара не извести дека донеле одлука да инвестираат во Македонија во две фабрики. Едната за преработка на мермер, и втора за изработка на различни видови амбалажи. Во двете фабрики планираат да вработат за почеток вкупно 300 луѓе, а подоцна планираат сето тоа да се зголемува. Се уште немаат избрано во кое место ќе градат, така што следното доаѓање ќе им биде да ја одредат локацијата, но она што ни го кажаа е дека поради условите кои ги нуди Македонија имаат донесено веќе дефинитивна одлука да инвестираат токму во Република Македонија, и тоа сакаат да го направат што е можно побрзо“, изјави премиерот Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП