2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: ЕУ и САД ги кршат принципите на СТО

Путин: ЕУ и САД ги кршат принципите на СТО

putinvladimirputinputin5746

Санкциите на ЕУ и САД воведени кон Русија поради вмешаноста во украинската криза, ги кршат принципите на Светската трговска организација (СТО), вели рускиот претседател Владимир Путин.

„Рестрикциите воведени кон Русија не се ништо друго освен отстапување од основните принципи на СТО на некои наши партнери“, изјави Путин на состанокот на Владата.

„Сето тоа е направено, како што кажа, на „исполитизиран начин“ со непочитување на нормите на СТО“.

Со санкционирањето на Русија „една од шесте најголеми светски економии“, Западот ги крши принципите на СТО за слободна конкуренција, оцени Путин и додаде дека руските контрасанкции „не се предизвикани од желбата да се казнат партнерите или на нив да се влијае“.

„Ние пред се мислиме на нашите интереси и на развојните цели“, истакна Путин.

Откако САД и ЕУ воведоа санкции кон Русија поради вмешаноста во украинската криза, Москва забразни увоз на прехрамбени производи од тие земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП