2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБОР: Македонската економија со раст од три отсто

ЕБОР: Македонската економија со раст од три отсто

rastekonomijabdp574674

Македонија и Косово во оваа и во наредната 2015 година ќе забележат најголем економски раст меѓу земјите во регионот, се вели во најновиот извештај на Европската банка за обнова и развој за економијата во Југоисточна Европа.

Македонската економија годинава ќе порасне за три проценти, а толкав раст се очекува и во наредната 2015. Поголем раст ќе има само Косово од 3,5 отсто.

ЕБОР ги ревидира проекциите за растот на БДП на повеќето земји во регионот. Србија и Хрватска годинава ќе бидат во рецесија од -0,5 отсто, Босна и Херцеговина наместо претходно прогнозираните 1,8 ќе има раст од 0,2 отсто, проекцијата за Бугарија е намалена од 1,9 на 1,5, а Албанија и Црна Гора ќе забележат раст од 1,7 односно три отсто.

За целиот регион банката ја ревидираше проекцијата од 2,2 на 1,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП