19 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена стапката на невработеност во Грција

Намалена стапката на невработеност во Грција

zastava-grckag

Стапката на невработеност во Грција значително опадна во вториот квартал, но без работа и понатака е повеќе од една четвртина од работоспособното население, додека земјата сеуште се обидува да се извлече од шестгодишната рецесија.

Грчкиот завод за статистика соопшти денес дека во периодот од април до јуни без работа биле 1,28 милиони лица, односно 26,6 проценти од работоспособното население.

Во периодот од јануари до март, стапката на невработеност изнесуваше 27,8 проценти. Во вториот квартал во 2013 година, стапката на невработеност беше на ниво од 27,3 проценти, пренесува агенцијата АП.

Речиси милион работни места се изгубени за време на економската криза во Грција, која започна во 2009 година, со откривањето дека буџетскиот дефицит бил многу поголем од она што претходно било објавено.

Грција набрзо потоа го изгуби пристапот до финансиските пазари, на кои се потпираше за финансирање на своите трошоци, а од банкротирањето се спаси благодарение на меѓународната финансиска помош.

За да добие заем, официјална Атина беше принудена да се согласи со преземање на остри мерки за штедење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП