29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 20 експерти во домашните компании

Нови 20 експерти во домашните компании

eksperti kompanii222

Дваесет нови експерти кои ги обезбедува Владата во наредните 60 дена ќе престојуваат во домашни компании од прехранбената индустрија, производството, ИКТ и техничко-технолошкиот сектор.

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев денеска информира дека овие експерти се ангажирани во вториот циклус од проектот, кој започна на почетокот на годинава и се очекува да заврши во средината на наредната година. Ќе бидат опфатени вкупно 105 компании кои се пријавија на објавениот оглас за експертска помош.

Ѓорѓиев истакна дека за Владата е важно што во овој циклус ќе бидат опфатени компании од целата територија на Република Македонија со различна големина и од различни сектори.

Во овој циклус, покрај експертите од Холандија и Германија, се обезбедени експерти и од Швајцарија, Австрија, Италија и Европската банка за обнова и развој.

Во рамки на проектот во првиот циклус беа опфатени 20 компании во кои беа испратени 20 експерти од Холандија и Германија, а, како што информира портпаролот Ѓорѓиев, најмногу помагале во процесот на производство, маркетингот и менаџментот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП